Родени се во финикискиот град Едеса, обајцата од родители незнабожци. Мајка му на Галактион беше бездетна се додека не се крсти. Потоа таа го приведе кон верата и нејзиниот маж и го крсти и воспита како христијанин својот син Галактион.
Кога стаса за женидба, неговата добра мајка Левкипија се упокои, а татко му го сврши за некоја девица Епистима. Галактион никако не сакаше да стапи во брак, па ја посоветува Епистима да се крсти, а потоа и истовремено со него да се замонаши. Се повлекоа на гората Пуплион, Галактион во машки, Епистима во женски манастир. И секој од овие двајцата во својот манастир се покажа како вистинско светило. Први во подвигот, први во молитвата, во смирението и послушанието, први во љубовта. Од манастирот не излегуваа ниту се видоа еден со друг освен пред смртта. Настана луто гонење на христијаните и тие обајцата беа изведени на суд.
Кога Галактион го биеја, Епистима плачеше. Тогаш и нејзе ја избија. Потоа им ги отсекоа рацете, па нозете, а најпосле и главите. Нивните тела ги зеде Евтолиј и чесно ги закопа. Овој Евтолиј беше најнапред роб кај родителите на Епистима, а потоа монах заедно со Галактион. Тој и го напиша житието на овие прекрасни Христови маченици, коишто пострадаа и примија небесни венци во 253 година.
Најмалку 15 лица се повредени, а повеќе од 1000 граѓани побарале помош преку Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со оркански налети на ветер што попладнево го зафати ...
Големо невреме проследено со силен ветар и дожд попладнево го зафати Скопје Според очевидци ветрот корнел дрвја и покриви, а невремето предизвика и штети на инфраструктурата На терен се екипи на Гр...
Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, минис...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.