При извршената редовна контрола на квалитетот на водата за пиење во дел од селските водоводи во општина Охрид, извршена на 06 и 7.03.2018 од страна на Центар за јавно здравје Охрид,  констатирано е дека во селата Свиништа, Завој, Куратица, Опеница и Косел водата за пиење од системот за водоснабдување е без дезинфекционо средство. При тоа забележана е и матност поголема од законски пропишаната вредност.

– Според тоа водата за пиење од системот за водоснабдување од горе наведените села не е здравствено безбедна за пиење. Апелираме до жителите во овие села да избегнуваат користење на ваквата вода за пиење, а до надлежните кои стопанисуваат со водоводите да преземат соодветни мерки за надминување на проблемот и обезбедат здравствено безбедна вода за пиење, велат од Центарот за јавно здравје.

Центар за јавно здравје Охрид редовно ќе ја следи состојбата и навремено ќе информира за квалитетот на водата за пиење во горенаведените села. Резултатите од анализата се испратени и до инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство во Охрид за натамошно постапување.

OhridNews