Во акција на службениците од полициската станица за граничен надзор „Охридско Eзеро“ во соработка со одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад, синоќа, околу 21.00 часо, на влезот на село Радожда, струшко, на брегот на езерото, спречено е криумчарење на марихуана.

Пронајдената марихуана била пренесена од Република Албанија и била наменета за продажба во Р.С. Македонија. По расчистување и документирање на случајот, по насоки на Основнот јавно обвинителство Струга ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси“ по член 215 од Кривичниот законик. – соопшти СВР Охрид.

OhridNews