Граѓаните околу Св. Софија можат да здивнат. Тешките напукнати гранки од старото дрво во дворот на црквата кои претставуваа голема опасност за минувачите вчера попладне беа пресечени. По сторијата на „Ohridnews“  екипи на паркови и зеленило со помош на специјално возило за улично осветлување, ги пресекоа големите гранки. Акцијата уследи по неодамнешното паѓање на дел од крошната, но за среќа никој не беше повреден.


Дрвото „павлонија“ во дворот на катедралната црква Света Софија е  засадено пред околу 50 години. Со поткастрување на тешките гранки отстранета е опасноста со која секојдневно се соочуваа мештаните и бројните посестители на црквата.

Ohridnews
фото: Емилио