Вчера попладнето околу 15.20 часот, во обложувалница лоцирана на булевар „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со вербална расправија и физичка пресметка помеѓу 52-годишно лице и 37 годишно лице, двајцата од Охрид. Пресметкатра продолжила и надвор од објектот, а понатамошна ескалација спречила полицијата.

Нарушителите на јавниот ред и мир се приведени и против нив ќе биде поднесе соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

Исто такја вчера околу 15 часот, на улицата „Димитар Влахов“ во Струга, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице од Охрид, врз 42-годишен струшанец.

ОВР Струга работи на целосно расветлување на настанот, по што, против нарушителот ќе поднесе соодветна пријава, информира СВР Охрид.

OhridNews