Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 28 степени Целзиусови.

Сончево и топло време со мала до умерена облачност не очекува и во сабота. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максимапната температура во Охрид ќе достигне до 30 степени.

Во недела претпладне ќе имаме сончево време со умерена облачност, а попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе се движи во интервал од 27 до 33 степени.

OhridNews