Прекрасната традиција што ја започна Комплексот Минами во г. Коњско, во срцето на Галичица, продолжува и оваа година. Во пресрет на новогодишните и божикните празници, оваа мала планинска идила повторно е украсена како од бајките. Убавото сега е магично убаво.

Покрај надворешноста, оваа година празнично украсен е и ресторанот во Комплексот Минами, кој ги отвара вратите за сите добронамерници. Најавени се предновогодишни забави со жива музика, како и организиран дочек на Новата година. Присуството треба да се најави со претходна резервација.

Претпразнична магија во ресторанот на Комплексот Минами

Снегот во последниот ноемвриски ден дополнително го разубави уникатниот амбиент создаден на 1100 метри надморска височина, кој и оваа година наликува на разгледница од најатрактивните зимски дестинации.

Празниците се за уживање. Почувствувајте ја празничната магија во комплексот Минами и препуштете им се на чувствата.

OhridNews