На 27.04.2022 во 18.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за недозволена трговија со дрога, од слобода лишија 35 годишно лице од Охрид.

При претресот во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се околу половина килограм марихуана спакувана во повеќе различни пакувања и масло од канабис, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој е приведен во полициска станица, вели Димоски и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews