Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, денеска ќе допатува во официјална посета на Република Македонија. Таа ќе биде пречекана претпладнево со највисоки државни и воени почести на платото пред Кабинетот на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по што ќе се одржи тет-а-тет средба во „Вила Водно“.

Во рамки на посетата, ќе се одржи и пленарен состанок на официјалните делегации на Република Македонија и на Република Хрватска, по што двајцата претседатели ќе имаат заедничка прес-конференција.

OhridNews