Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со „Медал за заслуги за Македонија“ ги одликува македонските кошаркарски репрезентативци кои го освоија четвртото место на Европското првенство во кошарка во Литванија.


– Македонија го доби најпосакуваниот спортски подарок за 20-годишнината од независноста. Успехот што вие го постигнавте е заразен и убеден сум дека ќе продолжи на сите полиња и во спортот и во културата и во економијата. Владо Илиевски праша: Луѓе, што направивме? Да ви кажеме што направивте ја прославивте Македонија низ Европа! Ја ставивте македонската кошарка на европската кошаркарска мапа, рече претседателот Иванов на доделувањето на медалите.


Медал за заслуги добија Перо Антиќ, Владо Илиевски, Лестер Бо Мекејлеб, Илија Димчевски, Димитар Мираковски, Тодор Гечевски, Дарко Соколов, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Ѓорѓи Чековски, Предраг Самарџиски, селекторот Марин Докузовси и сите членови на сручниот тим.