Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, во јуни доаѓа во Скопје, објавено е денес на сајтот на Македонскиот олимписки комитет.
На денешен ден, пред 30 години, во Хотел Холидеј Ин, на иницијатива на група спортски работници и пет Национални спортски федерации од Република Македонија, беше основан Македонскиот олимписки комитет, институција која е чадор организација на Македонските спортски федерации, институција во која членуват Олимписките и не-олимписките спортски федерации, националниот Паралимписки комитет, истакнати спортски работници и спортисти.

OhridNews












