Претседателот на УМС на ВМРО – ДПМНЕ Владимир Нелоски, вчера, го посети огранокот во Охрид.

Тој се сретна и разговараше со локалниот подмладок на ВМРО – ДПМНЕ. На состанокот биле разгледани актуелни теми од внатрепартиска и општа природа. Нелоски, синоќа оствари средба и со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и претседателот на ОК ВМРО – ДПМНЕ Охрид Атанаско Михаилов, на која било разговарано за состојбата и перспективите на младите во општина Охрид, информираа од владејачката партија.

OhridNews

Поради технички проблеми OhridNews недостапен за читателите повеќе часови