Претседателот Стево Пендаровски, му го додели мандатот на СДСМ и Зоран Заев за формирање на влада.

Првиот човек на СДСМ во рок од 20 дена најави формирање на влада која ќе биде стабилни ќе се грижи за доброто на граѓаните.

Врз основа на член 84, став 1, алинеја прва, а во согласност со член 90, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и предлогот на Коалицијата „Можеме“, за мандатор за состав на Влада на Република Северна Македонија го определувам Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. – изјави претседателот Пендаровски.

СДСМ и коалцијата „Можеме“ освои 46 пратенички мандати на предвремените Парламентарни избори.

Продолжување на патот на економијата и правдата. После членството во НАТО новата влада ќе не води кон членство во ЕУ. – рече Заев.

Заев го доби мандатот за состав на Влада

OhridNews