Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ги потпиша указите за прогласување на Закон за судовите, на Закон за управни спорови, на Закон за прекршоци и на Закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Станува збор за системски закони, чиишто укази за прогласување не беа потпишани од претседателот Иванов.

Претседателот Пендаровски го потпиша и указот за прогласување на Закон за енергетика.

Претседателот Пендаровски смета дека донесувањето на овие закони и нивната идна имплементација е од витален интерес за граѓаните на Република Северна Македонија, соопшти претседателскиот кабинет.

OhridNews