Во Турција денеска ќе се одржат вонредни претседателски и парламентарни избори, откако на 16 јули минатата година народот на референдум се изјасни за воведување на претседателски систем за водење на државата.

Тоа ќе бидат и први избори кои ќе се одржат во вонредна состојба која беше воведена во државата, по обидот за државен удар во јули 2016 година. Фаворит за претседател е актуелниот шеф на турската држава, Реџеп Таип Ердоган кој 16 години победува на сите избори на кои учествувал.

Експерти тврдат дека политичкиот јаз во Турција денес е поголем од кога било досега, и ако Ердоган победи на претседателските избори, тоа ќе биде врв на неговата политичка кариера.
Во оваа долга кариера Ердоган претрпе огромни трансформации од 2004 година, кога белгиски „Јуропиан Воис“ го прогласи за „Европска личност на годината”. Анкетите во предизборниот период, укажуваат дека Ердоган ќе добие меѓу 45 и 55 отсто поддршка од турските граѓани, но реалноста е сосема поинаква, затоа што, според многу толкувања на аналитичари, тој може да добие и 10 отсто помалку поддршка.