Актуелниот претседател на Турција Реџеп Таип Ердоган прогласи победа во првиот круг од претседателските избори што се одржаа денеска. Во новиот мандат, доколку биде потврден, Ердоган ќе има многу поголеми ингеренции, откако беа изгласани уставни измени, кои на претседателот на државата му даваат големи овластувања.

Наспроти тврдењата на Ердоган, турската опозција најави дека ќе има втор круг избори за претседател, бидејќи се уште не се преброени гласовите од големите градови, но портпаролот на владата Бекир Боздаг објави дека е завршено пребројувањето на 95% од гласовите и дека победил актуелниот претседател.