Во петок, 31-ви мај, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе гостува Народниот театар од Охрид со претставата “Ај да си речиме уште една” во режија Андреј Цветановски.

“Ај да си речиме уште една”, зборува за творештвото на еден народ кое секогаш претставува богатство што се чува и негува, показ и доказ за цивлизацијата што се развива во еден регион.

Улогите во претставта ги толкуваат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ, Ивица Цонев, Билјана Билаловиќ и Игор Георгиев. Костимите се на Кристина Мукоска-Затуроска, светло Зоран Левески, тон Филип Ангеличин Жура.

Почеток на претставата е во 20.00 часот. Влез 100 денари.

OhridNews