Министерството за култура од буџетот за 2010 година одобри средства за претставата „Европа“ во режија на Софија Ристеска, што ќе ја изведе културниот центар  „Медиа Артес“  – Охрид, околу кој е сконцентрирана актерската екипа која се очекува да го сочинува костурот на професионалниот театар во Охрид, кој е во зародиш.

Министерството за култура конечно финансира театарска претстава во Охрид и тоа е добар сигнал, велат од „Медиа Артес“, од каде премиерата на претставата „Европа“ја најавуваат за месец април.

Во меѓувреме продолжуваат напорите за реализација на иницијативата на лајонс клубот „Лихнидос“ за формирање на професионален театар во Охрид. Средства за таа намена одвои Советот на општина Охрид, а се очекува поддршка и од Министерството за култура. Чекор кон тоа се одобрените средства за претставата „Европа“ во која ќе настапи охридска актерска екипа.

Ohridnews