Народен театар Охрид при НУЦК „Григор Прличев“ вечерва гостува на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица, каде ќе ја изведе претставата “Стаклена Менажерија” од Тенеси Вилијамс во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.

Претходно Народен театар Охрид настапи на фестивалот „Гола Месечина“ во Скопје, на кој актерот Стрезо Стаматовски беше награден за најдобра епизодна улога во претставата „Каде е пиштолот?“.

OhridNews