Претставници на осигурителна компанија околу пладне излегоа на местото каде се случи големиот дефект на главната водоводна цевка, кој предизвика поплава на повеќе станнови во елитната населба Охридати. Неофицијално осигурувањето ќе ги покрие штетите предизвикани од дефектот на главната водоводна цевка со пречник фи-300.

Како што веќе информиравме, водата од пукнатата цевка утрово навлезе во становите на приземје и ги поплави во висина од околу 70 сантиметри. Станарите во паника се обидуваа да ja спасат покуќнината, а висината на материјалната штета која е голема, допрва ќе се утврдува.

OhridNews

Поради дефектот на главната водоводна цевка кај Охридатите половина град до доцна вечерва без вода

Пукна главна водоводна цевка, поплавени повеќе станови во населбата Охридати