Ротаракт клубот од Охрид, во соработка со ученичката заедница при ОУ „Христо Узунов” изработи декоративни и креативни велигденски јајца, украси и цртежи, кои денес заедно со неколку ученици им беа подарени на лицата згрижени во одделението за Геријатрија при охридската Општа болница.

По делењето на јајцата и декоративните подароци, присутните ученици под раководство на учителката, Гордана Велјаноска, изведоа и велигденски рецитал.

OhridNews