Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22- годишен жител на селото Лешани, општина Дебрца.

На 25 јуни на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, тој е затекнат дека, со своето возило „Волксфаген“, регистрирано за превоз на девет патници, без почитување на здравствено-безбедносните протоколи, врши превоз на 21 патник. Со тоа, пријавениот, ја прекршил уредбата од владата за организирање на јавен превоз на патници со 50% од капацитетот на превозното средство за време на епидемија. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димивски.

OhridNews