Презакажана третата седница на Совет на општина Охрид за во среда наместо во понеделник, за кога беше и прво закажана.

Бидејќи на 22.11.2021 година, понеделник, се одбележува празникот „Ден на албанската азбука“, а поради тоа неможноста за присуство на седница на дел од членовите на Советот, а со цел да се овозможи присуство на сите советници, се презакажува 3-тата седница на Советот на Општина Охрид закажана за тој ден. Истата ќе се одржи на ден 24.11.2021 година, среда, со почеток во 8:30 часот, инфомира претседателот на Советот, Сашо Донев.

На дневен ред се 120 точки, меѓу нив Предлог Заклучок  за усвојување на информација за ЛОД методологијата за распределба на јавни средства на граѓански организации, Предлог Одлука за изменување и дополнување на одлуката за отстапување на  времено користење простор и спроведување постапка за формирање на Младински центар Охрид, Предлог Програма за измена на развојна програма за уредување на градежно земјиште за 2021-2023 година, Предлог Програма за измени и дополнувања на програмата за јавно осветлување за 2021 година, Предлог Програма за измени и дополнувања  на програмата за спорт и рекреација за 2021 година, Предлог Одлука  за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2021 година, Предлог Одлука  за донесување на буџетскиот календар, Предлог Одлука за  определување  на надоместок за  членовите за  општинската  изборна комисија Охрид и избирачките одбори за локалните избори 2021 година, Предлог Одлука  за престанок на важење на одлука за организација, делокруг и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на општина Охрид, како и Предлог Одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти на одредени парцели.

OhridNews