Презентиран проектот „Заштита на нашиот бисер, Охридското Езеро“. Проектот има за цел на заедничка маса да ги седне сите засегнати страни во заштитата на Охридското Езеро, подобрување на комуникацијата и координациајта помеѓу Локалните самоуправи, централните институции и граѓанското општество.
Градоначалникот Кирил Пецаков во своето излагање истакна дека Општина Охрид е подготвена за воспоставување на добра комуникација со сите засегнати страни.
Пецаков ги презентираше и мерките кои Општина Охрид ги презема во заштитата на Охридското Езеро. Меѓу нив поставувањето на решетки на сливовите на реките и каналите во езерото, чија намена е физички запирање на пластиката да влегува во езерото, учеството во сите работни групи и проекти кои се однесуваат на оваа тема. Активно учество во изработката на нацрт – планот за управување со Охридското Езеро, планот за „Студенчишко блато“, за езерското крајбрежје и планот за враќањето на реката „Сатеска“ во старото корито, информираат од општина Охрид.

Проектот е финансиран во рамки на програмата за поддршка на граѓанското општество „ЦИВИКА – мобилитас“, а имплементатор е Граѓанската организација „КАБ“ – Струга.
OhridNews












