Пред охридските членови на Сојузот на синдикати, претставници од работодавачите и локалната самоуправа, денес, беше презентирана иницијативата за формирање на локални економско- социјални совети.

Како што истакна претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, потребата од институционализација на  социјалниот дијалог на локално ниво, пред се во услови на сложени економски- социјални услови, е неопходна.

Овие тела би имале советодавен карактер, а во нив би учествувале претставници на синдикатите, работодавачите и претставници од локалната самоуправа. Функционирањето би било насочено кон дефинирање на локалните економски и социјални политики , дефинирањето на потребите на пазарот на труд , усогласувањето на процесот на образованието, а како приоритет ќе биде поттикнување на вработеноста на младите, рече Митревски, кој додаде дека формирањето на советите би ја воспоставиле потребната координација меѓу локалната самоуправа, синдикатите и работодавачите.

Од локалната самоуправа со поддршка на идејата за формирање на локални економско- социјални совети.

Формирањето на ова тело ќе значи институционализирање на социјалниот дијалог кој понатака ќе треба да донесе поприфатлива материјална и економска положба и за работниците, но и за работодавачите,а ќе помогне и за изнаоѓање на методи за мирно решавање на работните спорови, рече градоначалникот Никола Бакрачески.

За формирање на локални економско- социјални совети зелено светло ќе се чека од охридските советници кои доколку го изгласаат предлогот, ќе следи и потпишување на спогодба по што би почнало и официјалното функционирање на новоформираните тела.

Кампањата на ССМ за формирање еконосмко- социјални совети започна во 2010 година.

Т.К.