СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 22.02.2018 во село Орман, полициски службеници, при преглед на лица и патничко возило, управувано од друго лице од Охрид, во кое бил и пријавениот како како совозач, кај него бил пронајден и одземен хероин.