Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, денеска, го посети Центарот за обука на вода на АРМ во Охрид. Тој се запозна со подготовките за големата воена вежба што ќе се одржи на Охридското Езеро на 16-ти јули, во која ќе учествуваат припадници на АРМ.

-Ги видовме сите услови кои ги нуди кампот за обуките кои се потребни за припадниците на нашата армија, кој ги задоволува НАТО стандардите и каде се обучуваат специјалните единици.-истакна претседателот и врховен командант на армијата, Ѓорѓе Иванов.

Во рамки на посетата на Центарот за обука на вода, претседателот се сретна и разговараше со припадниците на армијата и присуствуваше на показната вежба што ја изведоа припадниците на специјалните единици.

Иванов во Центарот за обука на вода се сретна со началникот на Генерал штабот на АРМ, генералот Горанчо Котески, кој го информираше за подготовките околу претстојната голема вежба на армиските сили на Охридското Езеро.

Г.М.