Реформите во правосудниот систем треба да бидат најголем приоретет на македонската држава – изјави Рајхард Прибе, експертот кој беше ангажиран од Европската Унија (ЕУ) при изготвувањето на договорот во Пржино 2015 година во кој се содржани приоритетите што треба нашата држава да ги реализира за надминување на политичката криза и приближување на земјата до ЕУ. Неодамна, беше изготвен извештајот на реализиција на приоретите од политичкиот договор од Пржино во кој е наведен напредок на земјата. Прибе кој повеќе не е експерт на ЕУ изнесе личен став дека се уште има полиња во кои треба да се работи, но според него фокусот треба да биде ставен на реформите во правосудниот систем.
– Како што знаете направени се два извештаи, еден во 2015 година и еден минатата година. Јас претседавав со тоа тело сочинето од пет експерти. Направивме серија препораки, дадовме и критики за владеењето на правото функционирањето на безбедноста. Девет месеци подоцна европската комисија даде позитивна оценка, што значи дека направен е значителен прогрес. Но, треба да се потсетиме дека уште многу време реформи треба да се извршат, посебно во владеењето на правото, што има клучна улога за голем прогрес. – изјави Прибе.
Тој не сакаше да даде никакви предвивувања за препораките на Македонија за влез во ЕУ, но изрази надеж дека сите земји вклучувајќи ја и нашата ќе завршат со реформите.
– Не можам да дадам никакви предвидувања за препораката на Македонија за влез во ЕУ. Но, се надевам дека сите земји кои конкурираат од регионот ќе завршат со реформите и ќе можат што побрзо да и се приклучат на Европска Унија. Дадовме серија препораки за реформите да тргнат во посакуваниот правец. Не треба реформите да се направат само влез во ЕУ, туку за државата да оди напред констатно. – додаде Прибе.
Инаку, Прибе учествува во Охрид на Меѓународната научна конференција за реформите на безбедносниот систием како предуслов во евроатланските интеграции.
OhridNews












