Хуманитарно подготвени околу 700 оброци од страна на деветмина професионални готвачи од Охрид, Струга, Скопје, Валандово и Кавадарци денеска во Струга. Оброците ќе бидат дистрибуирани до семејства од социјален ризик во Струга и Охрид.
Идејата е на стружанецот Никола Петрески, кој на сопствена иницијатива три пати неделно дели бесплатен топол оброк на лица од социјално ранливите категории во градот.
Планиравме да подготвиме 500 оброци, но излегоа околу 700. Со помош на општинските организации на Црвен крст Охрид и Струга ќе бидат дистрибуирани до лицата од социјален ризик. Организацијата беше напорна и во многу кратко време, но се собравме сите готвачи со желба да им помогнеме на луѓето на кои им треба топол, истакна Петрески, нагласувајќи дека намирниците се обезбедени преку донации од хумани граѓани и институции.
Влатко Ѓоргиески од здружението на готвачи „Шефс“ од Охрид вели дека со ковид кризата се зголеми бројот на лицата од социјален ризик, и во оваа насока ќе се потрудат хуманитарно да дадат придонес.
Во секое време кој ќе се обрати кај нас како Здружение ќе прифатиме и ќе се обидеме што повеќе да помогнеме за вакви хуманитарни случувања, рече Ѓоргиески.

Црвениот крст ќе помогне во дистрибуцијата на оброците со цел да им помогнеме и на другите органзации со наши волонтери кои се подготвени да дејствуваат и во вакви ситуации како што е пандемијата за храната да стигне до најранливите ктатегории кои имаат потреба. Ние сме тука да им помогне на сите граѓани и овој пат сме тука оброците да стигнат до крајниот корисник. Кај нас има многу граѓани кои се наши корисници кои доаѓаат редовно. Во периодот на пандемија бројката е зголемена, но се надеваме дека со нормализирање на состојбата и овој процес ќе биде намален, што не значи и дека ќе ја нема оваа ранлива категорија граѓани, изјави Адуриме Даути од Црвен Крст, Струга.

Н.С.Ј.












