Во секојдневните напори за збогатување на книжниот фонд и посебно на Одделот за стручна литература деновиве во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше проф. д-р Анис Сефиданис од Факултетот за применети информатички науки, машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Библиотеките и новото дигитално време во фокусот на разговорите, информираат од Библиотеката.

Разговарано беше за идната можна соработка со Универзитетот со примена на нови технологии во библиотекарството, за што наскоро ќе биде потпишан нов меморандум за соработка меѓу Универзитетот и Библиотеката, информираат од Библиотеката.

Како што напоменуваат од библиотеката, Проф. д-р Сефиданис подарил триесет примероци од неговите трудови: „Препознавање облици“ во која покрај него автори се и м-р Зорица Каевиќ и м-р Билјана Раичевиќ Велковска, „Медицинско – стоматолошка информатика“ во која како автори се вклучени и д-р Весна Јурковска Шотаровска и м-р Борко Христов и книгата „Дигитална форензика“ во која покрај Сефиданис автори се и д-р Ристо Христов и м-р Зорица Каевиќ.

Сефиданис е и автор и на книгата „Препознавање на облици со помош на вештачка интелигенција” и основач на приватен центар за истражување од областа на роботиката.

OhridNews