Кумството на новите кумови на Богојавление-Водици, Тане Николоски и Цветан Панделески ќе им биде предадено во недела (17. јануари) во 12 часот во црквата “Свети Никола – Геракомија”. Проследено со свечена литургија, тие светото кумство ќе го превземат од минатогодишните кумови Христијан Шапкар, Олег Маленко и Борис Маркулески.

Од Здружението за афирмација на МПЦ “Богојавление” кое е и организатор на фрлањето на крстот  во Охрид, велат дека подготовките за манифестацијата, се во завршна фаза, а во тек е и пријавувањето на кандидатите кои ќе се фрлаат во водите на Охридското Езеро по Светиот крст. Најавуваат дека и годинава капачите ќе добијат маици со ликот на Свети Јован и апелираат до сите кои ќе се фрлаат во езерото на 19 јануари, претходно да направат лекарски преглед, на медицинскиот штанд, кој во рамки на манифестацијата  ќе биде поставен на плоштадот.

Е.Е.