Франческо Тоти (принцот на Рома) беше стрелец на единствениот гол во триумфот на Рома над Јувентус со 1-0. “Принцот“ ја “легна“ Старата дама“ со еден суперудар во 56 минута. За Тоти ова беше 224 гол во Серија А.

По поразот бранителот на титулата, Јувентус останува лидер во шампионатот со пет бода повеќе од Наполи, кој својот меч од оваа рунда го игра во недела против Сампдорија.