Заштита на биолошкиот диверзитет во Охридското, Преспанско и Скадарското езеро е тема на Планирачката работилница за заштита и одржливост на езерските системи од Дримскиот Басен што деновиве се одржува во Охрид.

-Се што ќе успееме да заштитиме да се стави во функција на туризмот, економскиот  развој и иднината на целиот регион, истакна Дејан Пановски, македонски претставник во проектот. Тој рече дека една од целите е Студенчишкото и другите блатни предели во сливот на Охридското Езеро да бидат ставени под посебна заштита со цел нивно зачувување и искористување во насока на одржлив туристички и економски развој.

Проектот е дел од иницијативите кои произлегуваат од таканаречениот Дримски дијалог кој е поддржан од Германската Влада и Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ.

-Целта на проектот  е да се подобри управувањето со биодиверзитетот и заштитата на езерата, како и одржливо искористиување на природните ресурси и нивно зачувување за идните генерации, изјави Проект координатор на ГИЗ, Ралф Певелинг.

Проектот предвидува повеќе иницијативи кои се дел од напорите за подобрување на заштитата на животната средина на државите во регионот на Дримскиот басен.

OhridNews