Прв пат во спортската историја одложени ќе бидат Летните олимписки игри (ЛОИ).

Одлуката за одложување за Олимписките игри во Токио, ја донесле премиерот на Јапонија Шинжо Абе и првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, кои, телефонски разговарале поради забраната за патувања која стапи сила после ширењето на коронавирусот, пренесуваат јапонските медиуми.

МОК беше притиснат од неколку Национални олимписки федерации поради краткото време за подготовки на спортистите за што подобри резултати на Олимписките игри во Токио. Рокот за одлука беше четири недели, но МОК и земјата домаќин Јапонија го убрзаа процесот за донесување одлука која резултатираше со одложување.

Како прва опција за одржување на Олимписките игри се споменува октомври месец оваа година. Идеален термин е следната 2021 година. Конечна одлука ќе биде донесена во текот на следниот месец.

Претходно, УЕФА го одложи Европското првенство во фудбал за година дена и ги смири страстите кај вљубениците во фудбалот. Тениски активности ќе нема најмалку до јули. ФИА прво одложи дел од трките во Ф1 шампионатот. Потоа се „поправи“ и го пролонгираше почетокот на сезоната.

OhridNews