
Пријавениот, на втори овој месец околу 21 часот, насилно и без согласност влегол во домот на 35- годишна охриѓанка и во нејзината соба започнал вербална расправија, барајќи и пари и упатувајќи и закани .Кога оштетената го зела мобилниот телефон за да се јави во полиција, сега притворениот, грубо и насилно ја спречил, земајќи и го мобилниот телефон . Нејзиното викање за помош го слушнале нејзините домашни кои влегле во собата по што пријавениот избегал од станот.
Полициските службеници, лицето го пронашле во ходник од зграда на улицата „Марко Цепенков“ каде неколку дена се сокривал кај негови пријатели.
OhridNews











