Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, полициската станица од Кичево до надлежното Јавно обвинителство во Гостивар, поднесе кривична пријава против  67 годишно лице од Кичево, информираат од СВР Охрид.

Пријавениот, казненото дело го извршил на 17 овој месец во парк во Кичево, при што допирал по тело шест годишно женско дете од Прилеп, кое моментално престојува во Кичево.

На пријавениот определена му е мерка притвор до 30 дена.

OhridNews