СВР Охрид поднесе кривична пријава против српскиот државјанин Д.Р. (23) за учество во тепачка во која на 24 годишен охриѓанец му биле нанесени тешки телесни повреди. Истражен судија на српскиот државјанин му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Инцидентот се случил во новогодишната ноќ во кафетеријата „Де Лаго“ во центарот на градот, а покрај притворениот во нападот врз охриѓанецот учествувало уште едно непознато лице, информираат од полицијата.

OhridNews