На 29.03.2026 во 18:40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 66-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал, физички ја нападнал мајка си и оштетил дел од покуќнината.

Според пријавеното, тој и претходно во повеќе наврати физички и психички ја малтретирал мајка си. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

OhridNews