Претседателот на пратијата ГРОМ и поранешен градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски и двајца вработени во општината се приведени во истрага поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, додека едно од лицата, се сомничи и за кривично дело бесправно градење.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје, доставил предлог за определување на мерка притвор за трите лица.

OhridNews