Во текот на изминатото деноноќие, по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 117 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 89 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистичките податоци на МВР за изминатото деноноќие, на 135 лица им се издадени решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а три лица не ја почитувале мерката за изолација.

OhridNews