Од СВР Охрид информираат дека вчера, во 19,40 часот од страна на полициски службеници на СВР Охрид на регионалниот пат Охрид-Св.Наум приведени се две лица од Скопје поради постоење основи на сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, при извршениот претрес во патничките моторни возила марка „Опел вектра’’ и „Фолксваген пасат’’ и двете со скопски регистарски ознаки, кои биле управувани од лицата и во стан кој го изнајмил еден од приведените, пронајдени се марихуана, кокаин, дигитална вага и други предмети.

OhridNews