Синоќа околу 21.45 часот, на патот Струга-Дебар, пред с. Велешта полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишија од слобода Е.Б. (35), кој се барал со потерници од Основен суд Струга по чл.123, чл.396 и чл.244 од КЗ на РСМ, осуден на казна затвор од 21 година. При приведувањето кај Е.Б. е пронајден пиштол. Приведен е и Б.Б., кај кого исто така е пронајден пиштол, информира СВР Охрид.
Приведените се синови на Дилавер Бојку Леку од Велешта, кој беше убиен во 2017 година во Струга.
OhridNews












