Во Полициска станица Струга, вчера, е приведено 37-годишно лице од Валона-Албанија, поради сомневање дека извршил разбојништво.

За истиот, од судија за претходна постапка и Јавен обвинител се дадени насоки да се лиши од слобода, поради основано сомнение за сторено кривично дело “Разбојништво” извршено на 03 август на бензиска пумпа лоцирана на место викано „Суво поле“ во село Велешта, струшко.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews