Полициски службеници од СВР Охрид, синоќа во 22:25 часот, лишиле од слобода 35-годишно лице од Штип.

Како што информираат од МВР, тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Струмица, поради бегство од затворот. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

OhridNews