
Вака одлучија родителите и наставниците Македонци и Албанци, локалната власт и владините пртставници кои синоќа одржаа 8-часовен состанок кој што траеше до 04 часот изутрина.
„Средбата што траеше до раните утрински часови имаше за цел да ги приближи различните ставови за одвивање на наставата на Македонците и Албанците, а одлуката ја донесовме со консензус “, изјави директорката на гимназијата, Маре Савеска.
Денеска во струшкиот средношколски центар имаше зголемено присуство на полиција, по најавите дека македонските родители од денеска ќе ги носат своите деца на училиште во нивна придружба и одвоено од Албанците.
Македонците во „Нико Нестор“ отсуствуваа од наставата три седмици, барајќи воведување еднојазични смени.
Ohridnews











