Професорката Соња Думбалоска, која е дел од Охридскиот пливачки маратон од неговото возобновување на почетокот од деведесеттите години од минатиот век, е годинешен добитник на наградата „Климе Савин“.
Ова престижно спортско признание се доделува за постојана и несебична поддршка на Охридскиот пливачки маратон.
Признанието на истакнатиот спортски работник Соња Думбалоска и го врачија претседателот на националната пливачка федерација Александар Маленко и делегатот на ФИНА Жан Пол Нарс, по завршувањето на церемонијата на доделување на медали на најуспешните на 33 издание на Охридскиот пливачки маратон, кој се одржа денеска.

OhridNews













