На свечена седница на Советот на општината закажана за 18. овој месец (понеделник) во 19 часот, ќе биде врачено виокото општинско признание Почесен граѓанин на Охрид на Н.Е. Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере. Ова признание, согласно Одлуката за востановување награди и признанија на општина Охрид (Сл. гласник 11/06), го доделува Советот на оопштината на истакнати личности кои имаат посебни заслуги во афирмацијата на Охрид во светот.                     

Во образложението на одлуката за доделување признание Почесен граѓанин на Охрид на Ерван Фуере, меѓу другото, се вели дека Признанието му се доделува:во знак на благодарност и признателност за неговиот придонес во афирмацијата на Охрид во светот и несебичното залагање за стекнување нови пријатели, почитувачи на Охрид, а со тоа и нови можности за партнерства и соработка со европските градови.

Треба да се посочи, се вели натаму во образложението, дека благодарение токму на ангажманот на г-дин Фере, Охрид беше единствениот град од поширокиот регион кој се презентираше и промовираше со сопствен штанд на Саемот на позначајните европски градови што се одржа за време на декемврискиот самит на ЕУ во Брисел. Тоа беше ретка можност Европа да ги виде Охрид и Македонија со свои очи иаку не сме дел од ЕУ-заедницата…..

Признанието Почесен граѓанин на Охрид што ќе му биде врачено на ЕУ-Амбасадорот Ерван Фуере на свечената седница на Советот, се состои од клуч во должина од 20 сантиметри изработен од метал кој го симболизира влегувањето во Охрид и плакета.

Согласно Одлуката за востановување награди и признанија на општина Охрид, Признанието го врачува Градоначалникот на општината.

Ohridnews