Меѓуопштинското јавно претпријатие Проаква за струја должи 400 милиони денари, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието. Прашањето се однесуваше на  неспроведување на социјалната мерка за отпис на долговите за потрошена електрична енергија.

Премиерот истакна дека ЕВН има разбирање за владината мерка, но од друга страна бара решавање на проблемот со неплатените милионски суми на државните и јавни претпријатија за струја. Меѓу најголемите должници е МЈП Проаква. Тој долг ќе го преземе државата, најави премиерот Заев кој изрази очекување дека до есен ќе се изнајде решение и владината мерка ќе биде спроведена.

Како што е познато, државата го презеде колекторот на Охридското Езеро, со кој во иднина ќе стопанисува новото државно претпријатие „Колекторски системи“. Се очекува истото да почне со работа оваа есен, а освен долговите на општините Охрид и Струга, тоа ќе ги преземе и обврските за ревитализација и доизградба на колекторскиот систем на Охридското Езеро.

OhridNews