МЈП-Проаква Струга РЕ ВОДОВОД Охрид, ги информира корисниците, особено во високата зона на градот (С.Лакочереј, населбата Видобишта, С.Лескоец – Скребатска мала и С.Велгошти) дека поради високите температури и сушниот период се соочува со недостиг на вода иако сите извори на водоснабување работат со полн капацитет.

Водовод Охрид упатува апел до сите корисници, рационално да се користи водата односно да не се злоупотребува за наводнување на паркови, градини и миење на автомобили.

Исто така во тек се засилени контроли на места каде се наводнува па се предупредуваат сите корисници, кај кои на лице место ќе се затекне водомерно броило со недостатоци (нема или е оштетена пломба, оштетен е механизам и сл.) или кадешто воопшто нема водомерно броило, дека против нив ќе бидат преземени санкции по пат на поведување судски постапки кои подлежат на кривична одговорност. – предупредува МЈП-Проаква Струга РЕ ВОДОВОД Охрид.

OhridNews