Играчот на Арсенал, Микел Артета, поради повреда на бутниот мускул, ќе го пропушти стартот на новата натпреварувачка сезона.

Како што наведува специјализираниот фудбалски портал Goal.com, Артета од терените ќе отсуствува меѓу четири и шест недели.

Во периодот кога во тимот ќе го нема Артета, тимот на менаџерот Арсен Венгер ќе ги одигра двете бараж средби против Фенербахче, за пласман во Лигата на шампиони, како и првенствените дуели против Астон Вила, Фулам и Тотенхем.